Достапни линкови

Дачиќ: Не сакаме во ЕУ, ако условот е да бидеме како Хрватска


Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ рече дека Србија не сака да биде дел од ЕУ, ако условот е да биде како Хрватска. „Министерот за надворешни работи на Хрватска вели дека Хрватска е ЕУ, а ако условот за ЕУ е да бидеме како Хрватска, да станеме ревизионисти кои рехабилитираат нацизам, фашизам и усташтво, тогаш ние не сакаме во таква Унија“, рече Дачиќ на прес конференција во Белград. Тој вели дека не очекува дека ЕУ може да биде глувонема по ова прашање уште долго време, затоа што Унијата почива на антифашизам.

XS
SM
MD
LG