Достапни линкови

Во Куманово погребан убиениот полицаец


Денеска на гробиштата во населбата Карпош во Куманово со највисоки полициски и државни почести во присуство на семејството, роднините, пријателите, колегите и голем број високи старешини од Министерството за внатрешни работи беше погребан полицаецот Горан Станишевски кој беше убиен на должност. Тој почина од повреди кои ги доби од нож при интервенција за приведување на лице со нарушено психичко здравје, по пријава за семејно насилство.

Телеграми со сочуство до семејството Станишевски испратија министерот за внатрешни работи Митко Чавков и директорот на Бирото за јавна безбедност Горанче Савовски.

XS
SM
MD
LG