Достапни линкови

Груевски се обрати на собирот во Трново


Архивска фотографија

Архивска фотографија

Нашиот народ знае да цени и расудува, знае да носи мудри одлуки, а наша обврска е тоа да се овозможи најбрзо што можно за да можат сите да одлучат без никаков притисок, директен или индиректен, од никого и од никаде за да има празник на демократијата, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во обраќањето на традиционалната Илинденска средба што се одржа во потпелистерското село Трново. Тој во својот говор зборуваше за тоа како се води политика, за своите политички опоненти, за „кодошите со страничен елемнет“, за критичарите кои и штетат на интересите на државата, а вети и нови програми и проекти.

„Народот е силата што ја создава државата и кој ја брани и развива таа држава. Народот е господар и така ќе биде се додека постои ВМРО затоа што ВМРО е Македонија, ВМРО е дијаспората, ВМРО е историјата и ВМРО е иднината“, рече Груевски.

XS
SM
MD
LG