Достапни линкови

На брегот на Либија пронајдени тела на 120 мигранти


Меѓународната организација за миграција денеска соопшти дека во изминатите неколку дена се пронајдени тела на 120 мигранти кои морето ги исфрлило на брегот на Либија. Портпаролот на организацијата со седиште во Женева, Џоел Милман рече дека информацијата ја соопштиле либиските власти. Тој наведува дека од почетокот на годината до крајот на јули ширум светот загинале 4.027 мигранти, а третина од нив загинале во Средоземното Море. Тоа е за 35 проценти повеќе во однос на истиот период лани, рече Милман.

XS
SM
MD
LG