Достапни линкови

До ДИК реагирале 980 спорни гласачи


До Државната изборна комисија (ДИК) до 13:00 часот се пријавиле вкупно 980 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список. Од нив, 289 се пријавиле лично во канцелариите на ДИК, а 691 човек се пријавиле преку интернет. ДИК денеска ги објави поднесените пријави по општини. Најмногу пријави има во подрачната единица на ДИК во Чаир 180, потоа во Аеродром 83, во скопски Центар 76, во Кичево 62, во Гостивар 55, во Тетово-52 и скопската општина Карпош - 42.

XS
SM
MD
LG