Достапни линкови

logo-print

Сајтот на РСЕ за Крим делумно недостапен


Интернет страницата на Радио Слободна Европа за Крим е делумно недостапна од вчера во одредени делови на полуостровот. Локалните интернет корисници за РСЕ велат дека не се во можност да пристапат на овој сајт преку неколку интернет провајдери, пред се во северниот, централниот и источниот дел на Крим. Засега нема официјални објаснувања зошто не може да се пристапи до интернет страницата. Во мај, руските власти го блокираа пристапот до сајтот на еден ден, со објаснување дека има материјали кои содржат „нелегални информации“, без притоа да дадат повеќе детали. Русија го анектираше Крим од Украина во март 2014 година.

XS
SM
MD
LG