Достапни линкови

Димитриев - единство, наместо надворешно мешање


Премиерот Емил Димитриев во своето обраќање на централното чествување на 2 Август - Илинден на Мечкин Камен во Крушево повика на единство на сите расположливи капацитети во државата во процесите за развој и просперитет на татковината.

„Само така, и со силно единство наместо со надворешно мешање, можеме да продолжиме да чекориме по патот на развој и просперитет на нашата татковина и да го исполниме аманетот на нашите предци за борба за Македонија“, рече Димитриев.

Тоj упат апел за свесност и совесност во процесот на разрешувањето на политичката криза и излез од неа, во кој единствен приоритет треба и мора да бидат државните интереси и интересите на граѓаните.

XS
SM
MD
LG