Достапни линкови

Турција врши претрес во Военомедицинската академија


Полицијата во Анкара извршува претрес во Военомедицинската академија Ѓулхане (ГАТА) во рамки на истрагата против приврзаниците на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого властите го обвинуват дека стои зад обидот пуч. Издадени се наредби за апсења на сто луѓе меѓу, кои има и лекари.

Турските власти претходно го уапсија пилотот Хасан Хусну, осомничен дека при обидот за преврат на 15 јули ја бомбардирал зградата на Парламентот во Анкара, јави Анадолија.

Турскиот министер за правда Бекир Боздаг денеска повторно побара од САД апсење на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во егзил во Пенсилванија, а кого Анкара го обвинува за неуспешниот обид за воен удар на 15 јули.

Боздаг денеска испратил „втор писмен документ“ со барање за апсење на Ѓулен, но не се наведуваат повеќе детали за содржината на документот.

XS
SM
MD
LG