Достапни линкови

logo-print

Вељаноски повика на единство и обединување


На единство и обединување, повика претседателот на Собранието Трајко Вељаноски на прославата на Илинден пред споменикто на Методија Андонов Ченто во центарот на Скопје. Тој потенцираше дека за Македонија останува приоритет членството во НАТО и во ЕУ и вложувањето за развој на државата. „Уште еднаш повикувам на обединување на сите политички структури зад големата идеја на Македонија. Повикувам на дополнително обновување на меѓусебната почит и разбирање помеѓу политичките партии. Тие не смеат да бидат непријатели и мораат да бидат конкуренти кои имаат иста цел“, рече Вељаноски.

Македонија е нашата заедничка цел. Предолго народот е заложник на една ваква непринципилена политика, потенцираше Вељаноски осврнувајќи се на политичката криза во својот говор по повод националниот празник Илинден.

XS
SM
MD
LG