Достапни линкови

logo-print

Иванов повика да се стави крај на поделбите


Потребен ни е процес на национално помирување, жртвување на личните заради државните интереси, потребно е да се сплотиме за иднината на нашите деца, се дел од пораките кои ги упати претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов на денешната прослава на националниот празник Илинден во Меморијалниот центар во Пелинце.

Иванов упати пораки до политичките партии, меѓународната заедница, цивилното општество и медиумите, а воедно ги изнесе ставовите околу мигрантската и бегалската криза како еден од најголемите предизвици со кои се соочува Македонија во нејзината 25 година од независноста.

„Ве повикувам дијалогот да го водиме во институциите, а не во амбасадите. Поддршката да ја бараме од граѓаните, а не од меѓународните фактори“, порача Иванов.

Иванов го поздрави политичкиот договор, посочувајќи дека сега доаѓа потешкиот дел, а тоа е потребата од негово исполнување. Во однос на мигрантската и бегалската криза, македонскиот претседател предупреди дека постои висок ризик од заканата од странски терористички борци и рече дека вториот миграциски бран е на повидок

Од Пелинце, македонскиот претседател повика да се стави крај на поделбите, бидејќи, како што рече, кога сме поделени, ние сме поробени, и повика на помирување и сплотеност за да ја зачуваме слободата и државноста, независноста и сувереноста на Република Македонија.

XS
SM
MD
LG