Достапни линкови

logo-print

Рио де Жаниеро е подготвен за Олимпијадата?


Рио де Жанеиро ќе одржи успешни Олимписки игри кои ќе ја сменат иднината на градот. Ова го оцени Меѓународниот олимписки комитет и покрај доцнењето на подготовките и недостигот на средства. Во исто време Бразил е погоден од најголемата политичка и економска криза во последниве неколку децении.

Првите Олимписки игри во Јужна Америка треба да започнат на 5 август, а организаторите се уште френетично брзаат да ги подготват терените и пристапите до нив.

Во саботата е отворена трасата на метрото која ќе го поврзува Олимпиското село каде што се сместени спортистите со Олимпискиот парк каде што ќе се одвива поголем дел од Игрите.

Бразил кој се бори со најлошата рецесија од триесетите години на минатиот век за проширување на метрото потроши над 3 милијарди долари.

Работниците и натаму се зафатени во привршувањето на местата и во поправањето на грешките од брзањето при градењето на објектите и инфраструктурата.

Веќе има примери на уривање на некои објекти, како што беше падот на главната рампа за натпреварите во едрење или пак штетите на телевизиските кабини крај морето.

Едно од горливите прашања, останува нечистотата на водите каде ќе се одржуваат натпреварите.

Околу 60 насто од Бразилците веруваат дека Игрите кои ќе чинат над 12 милијарди долари ќе и донесат повеќе штета отколку добро на земјата.

Криминалот во градот е огромен, па затоа се вклучени над 85.000 припадници на безбедносните сили.

Освен тоа, на политичко ниво, суспендираната претседателка Дилма Русеф се соочува со судење поради наводни буџетски неправилности.

Илјадници Бразилци излегоа на улиците во градовите низ целата земја, изразувајќи поддршка или осуда за импичментот на претседателот Дилма Русеф.

Привремениот претседател Мишел Темер се очекува официјално да ја преземе претседателската функција само неколку дена по Олимписките игри кои треба да завршат на 21 август.

Самиот Темер призна дека најверојатно ќе биде исвиркан на отворањето на Игрите.

Русеф пак најави дека нема да присуствува на отворањето на Игрите.

Од друга страна многу спортисти се повлекоа од Олимписките игри поради нивната загриженост од вирусот зика што го пренесуваат комарците и предизвикува дефекти кај новороденчињата и можни невролошки проблеми кај возрасните.

2

2

Сепак, туристите кои се сончаат на плажата Ипанема велат дека немаат страв од вирусот.

„Па се разбира, дека размисливме пред да ја напуштиме Калифорнија. Имаме пријатели кои исто така се лекари. Но, ако мислите за тоа рационално и ако се погледнат бројките вие доколку патувате можете да ги добиете сите видови болести “, вели Кејси Брајт.

Олга Самоилова од Русија ги обвини медиумите за ширење на стравот од зика и за информации дека Рио бил неподготвен.

„Пред да дојдам во Бразил имаше многу на вестите дека тука е многу опасно, дека има вирус зика. Но, мислам дека ова е дело на новинарите и на каналите за вести кои треба да измислат некаква голема приказна која ќе го привлече вниманието на луѓето или ќе ги исплаши“, вели Самоилова.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG