Достапни линкови

logo-print

МОК против Светската антидопинг агенција


Меѓународниот Олимписки комитет кој забрани над 100 руски спортисти да се натпореваруваат на Олимписките игри во Рио де Жанеиро кои почнуваат в петок, влезе во отворен спор со Светската антидопинг агенција која препорача целосна забрана на руските спортисти. „Правдата треба да е независна од политиката“, изјави претседателот на Олимпискиот комитет Томас Бак, додавајќи: „Поради сериозноста на обвинувањата, ние не можеме да ја почитуваме пресумпцијата на невиност за руските спортисти. Од друга страна не можеме да ги лишиме спортистите од основното човеково право да им биде дадена можност да ја докажат нивната невиност. Не можете да казните човечко суштество за грешките на неговата влада, ако не е вмешано во тоа“, рече Бак.

XS
SM
MD
LG