Достапни линкови

Владата на Јемен ги напушти мировните преговори


Делегацијта на Владата на Јемен денеска ги напушти мировните преговори во организација на ОН во Кувајт, зато што шиитските бунтовници го одбија предлог на посредникот на светската организација. Владата на Јемен вели дека тие својот дел си го исполниле, а сега е ред тоа да го сторат и бунтовниците. Владината делегација го прифака предлогот на ОН. Според мировниот план на ОН, бунтовниците треба да се повлечат од градовите, вклучително и од главниот град Сана во рок од 45 дена и да го предадат оржујето во воени мегацини.

Но бунтовниците не го прифаќаат тој предлог. Мировните преговори во посредство на ОН започнаа во април, но за сега се без успех.

XS
SM
MD
LG