Достапни линкови

logo-print

Народен правобранител - да се згрижат луѓето кои останаа без домови


Народниот правобранител реагираше на информацијата за уривање на домови на ромски семејства во Скопје. Утрово беше обjавенa информација во некои медиуми дека багери им ги урнале импровизираните домови на околу стотина граѓани од ромска заедница кои живееле под Кале до реката Вардар во Скопје.

Народниот правобранител упатува апел до сите надлежни органи особено ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје и Министерството за труд и социјална политика неодложно да преземат мерки за сместување на семејствата кои останале под ведро небо и без никаква заштита.

„Неприфатливо е да спроведуваат акции од ваков тип кои не се хумани и без претходна координација со надлежните органи за обезбедување на место каде ќе се сместат семејствата чии домови треба да се урнат, макар тоа било и импровизирани објекти“, се наведува во соопштението од Народниот правобранител .

XS
SM
MD
LG