Достапни линкови

Турција - може имало неправедни мерки по обидот за пуч


Турција денеска призна дека некои мерки, кои властите ги преземале по неуспешниот обид за воен удар во земјата, можеби биле неправедни.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим ја призна можноста дека во државниот сектор некои процедури не биле фер.

„Сигурно е дека врз некого се спроведени неправедни процедури. Ќе направиме разлика меѓу оние кои се виновни и оние кои не се“, истакна Јилдирим.

Потпретседателот на турската Влада, Нуман Куртулмуш, исто така, нагласи дека „доколку има било какви грешки, ќе бидат исправени“.

XS
SM
MD
LG