Достапни линкови

logo-print

ОБСЕ бара непречен пристап во источна Украина


Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) бара непречен пристап во источниот дел на Украина, откако еден од тимовите набљудувачи на организацијата доби закани со оружје од сепаратистите. Александар Хаг, заменик шеф на мисијата на ОБСЕ во Украина за РСЕ изјави дека неуспехот да се казнат оние кои се одговорни за таквите напади ќе бидат само дополнителен мотив за повеќе инциденти. Ако мониторите се спречени да ја извршуваат својата задача, тогаш има мали шанси за решавање на конфликтот во источна Украина, во кој загинаа повеќе од 9.400 луѓе од април 2014 година, вели Хаг. Тој додава дека набљудувачите на ОБСЕ биле пресретнати од двајца вооружени сепаратисти во попладневните часови на 29 јули. Сепаратиситите го впериле оружјето во набљудувачите и им наредиле да ја напуштат областа. Откако тие си тргнале да си одат друга група на сепаратисти со џип им го пресретнале патот и ги одвеле набљудувачите во контролен пункт на сепаратистите во Приморск. Според ОБСЕ сепаратистите ги навредувале и им се заканувале на набљудувачите, а пукале и кон едно од возилната на ОБСЕ. Мониторите на крајот беа ослободени и се вратија безбедно во својата база во Мариупол.

XS
SM
MD
LG