Достапни линкови

ЕК во септември ќе решава за визите за турските граѓани


Европската комисија во септември ќе донесе одлука дали Турција ги исполнила сите поставени услови за укинување на визниот режим со ЕУ, изјави денеска потпаролката на Еврокомисјата, Мина Андреева.

Засега Анкара неисполнила уште пет од поставените 72 услови за укинување на визите за патување на турските државјани во земјите членки на ЕУ.

Со договорот за запирање на мигрантскиот прилив од Турција кон ЕУ, се предвидуваше укинување на визниот режим за турските граѓани од 1 јули годинава. Но, бидејќи Турција не ги исполни сите поставени 72 услови, Брисел реши да го одложи укинувањето на визниот режим.

XS
SM
MD
LG