Достапни линкови

Украина против коментарите на Трамп за Крим


Украинските политичари го критикуваа републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, за неговите коментари за Крим. Тој вели дека САД би требало да ја прифатат руската анексија на Крим ако тоа би водело до подобри односи со Москва и посилна соработка во борбата против милитантите на ИД. Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков на Фејсбук напиша дека забелешките на Трамп се „срамни“ и дека тие кои ја поддржуваат диктатурата на Путин не можат да бидат гарант на демократските слободи во САД и во светот. Поранешниот премиер Арсениј Јацењук вели дека коментарите на Трамп се предизвик за вредностите на слободниот свет.

„Тоа тешко може да се нарече незнаење“, вели Јацењук.

XS
SM
MD
LG