Достапни линкови

Шефот на Советот на Европа во посета на Турција


Советот на Европа е загрижен од степенот на чистки кои се прават во војската, државните институции, универзитетите и медиумите во Турција по обидот за преврат на 15 јули, изјави генералниот секретар Торбјорн Јагланд. Тој в среда ќе престојува во официјална посета на Анкара.

„Вознемирени сме, бидејќи чистките можат да отидат премногу далеку, но не можеме да зборуваме ништо, додека немаме факти в раце“, истакна Јагланд.

Генералниот секретар на СЕ нагласи дека една од основните цели на неговата посета во Турција е собирањето на факти за обидот за преврат и реакциите на турските власти по него.

XS
SM
MD
LG