Достапни линкови

logo-print

Турција против одлуката на Германија за Ердоган


Турскиот министер за надворешни работи го повика германскиот заменик-амбасадор во Анкара во знак на протест поради одлуката да се спречи видео обраќањето на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на собирот во Келн. Илјадници луѓе се собраа синоќа во Келн за поддршка на Ердоган. Тие вееја турски знамиња и носеа трнаспаренти „За демократија, против пуч“. Локалната полиција првично им забрани на организаторите да подигнат голем видео бим. Регионалниот суд подоцна пресуди дека големиот екран може да се користи, но само за пренесување на изјавите на луѓе кои се физички присутни на собирот. А одлуката ја потврди и највисокиот суд на Германија.
Турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш денеска изјави дека потегот е во спротивност со слободата на говорот и ја обвини Германија за „двојни стандарди“.

XS
SM
MD
LG