Достапни линкови

Судот во Москва не му ја промени казната на Навални


Судот во Москава не го промени решението за условна казна во вистински затвор за опозициски лидер Алексеј Навални.Судот одлучуваше по барањето на Руската федерална казнена служба која бараше затворска казна за Навални, оти не се задоволни со досудената условна казна. Тие бараат тој итно да оди во затвор, оти често ја прекршувал условната казна. Алексеј и неговиот брат Олег Навални се прогласени за виновни за измама во две државни фирми во периодот 2008-2012 година. Алексеј доби условна казна, а неговиот брат е осуден на три ипол години затвор. Двајцата браќа ги отфрлија обвиненијата како политички мотивирани.

XS
SM
MD
LG