Достапни линкови

logo-print

Турските власти уапсија уште 11 војници


Турските власти соопштија дека уапсиле уште 11 војници бегалци за кои се сомневаат дека сакале да го заробат претседателот Реџеп Таип Ердоган за време на обидот за воен удар во земјата. Вицепремиерот Нуман Куртулмуш рече дека групата била уапсена во југозападниот град Ула во близина на одморалиштето Мармарис. Тој вели дека еден војник е се уште на слобода. Повеќе од 20 други војници осомничени за истото дело се веќе во притвор. Ердоган беше на одмор во Мармарис на 15 јули, ноќта кога започна обидот за пуч, но побегна пред хотелот да биде бомбардиран. Ердоган рече дека се спасил да не биде убиен или земен како заложник, со тоа што брзо избегал. По неуспешниот државен удар, илјадници луѓе се приведени и отпуштени од работа.

XS
SM
MD
LG