Достапни линкови

logo-print

Соборен руски хеликоптер во Сирија


Еден руски воен хеликоптер е соборен над сириската провинција Идлиб, соопштија руските власти. Во хеликоптерот имало пет луѓе. Руските новински агнеции го пренесуваат соопштението на Министерството за одбрана, во кое се наведува дека транспортен хеликоптер Ми-8 е соборен на 1 август. Хеликоптерот се враќал во руската воздушна база откако доставил хуманитарна помош во градот Алепо. Министерството соопшти во леталото имало тројца членови на екипажот и двајца полицајци, но дека нивната судбина засега е нејасна. А не се знае ни кој го соборил хеликоптерот.

XS
SM
MD
LG