Достапни линкови

logo-print

Односите Германија - Турција во трнлива фаза


Односите меѓу Германија и Турција минуваат по трнлив пат, но минатото искуство покажува дека ова може да се надмине, изјави денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи на Германија Мартин Шефер.
Тој вели дека во односите меѓу двете земји имало фази кои беа трнливи, но и добри периоди, а сега е уште една таква трнлива фаза. Тој на денешната редовна владина прес-конференција рече дека е убиден оти Германија и Турција ќе го надминат овој период, кој не е лесен.

XS
SM
MD
LG