Достапни линкови

Руските спортисти пред конечна одлука за Олимпијадата


Само неколку денови пред почетокот на Олимписките игри, околу 250 руски спортисти кои досега мислеа оти можат да се натпреваруваат во Рио Де Жанеиро, се соочуваат со уште една, овојпат конечна одлука. Имено, дозвола за нивниот настап треба да даде и комисијата на Меѓународниот олимписки комитет формирана да го истражи секој индивидуален случај за да утврди дали ги почитуваат новите правила воведени откако се откри за државно спонзорираното допингување спортисти во Русија. Телото е составено од тројца членови.

XS
SM
MD
LG