Достапни линкови

Чавушоглу: без укинување визи нема договор со ЕУ


Мевлут Чавушоглу

Мевлут Чавушоглу

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го предупреди Брисел дека Турција нема да го признае договорот со ЕУ за решавање на мигрантската криза ако турските граѓани најдоцна до октомври не добијат визна либерализација. „Договорот за бегалците функционира бидејќи Турција презеде многу сериозни мерки меѓу кои и борба со криумчари со луѓе“, изјави тој во интервју за Фракфуртер алгемајне цајтунг. Тој додава дека доколку Турција не добие визна либерализација тогаш ќе биде приморана да се дистанцира од договорот за враќање на бегалци од ЕУ.

XS
SM
MD
LG