Достапни линкови

Клинтон ја обвини Русија за хакерскиот напад


Демократската кандидатка за претседател на САД, Хилари Клинтон ја обвини руската разузнавачка служба за хакерскиот напад во податоците на Демократскиот национален комитет и го обвини републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трапм дека го подржува рускиот претседател Владимир Путин.

„ Ние знаеме дека руските разузнавачки служби стојат зад хакерскиот напад и знаеме дека тие стојат зад објавувањето на многу електронски пошти. Ние знаеме дека Доналд Трамп покажува многу силна подршка кон Путин“ изјави Клинтон во интервју за американска телевизија.

САД досега не излезе јавно со обвинување на Русија за хакерскиот напад на кампањата на Демократската партија. Хакерскиот напад според дел од експертската јавност има за цел да влијае врз претседателските избори.

Клинтон одби да одговори дирекно на прашањето дали Кремљ сака Трамп да победи на изборите, но изјави дека „кога ќе се утврдат фактите се покренуваат прашања во врска со руското мешање во американските избори, во американската демократија.“

XS
SM
MD
LG