Достапни линкови

Косовскиот премиер ја обвинува опозицијата за блокада на визната либерализација


Косовскиот премиер Иса Мустафа ја обвини опозицијата дека ја блокира визната либерализација за граѓаните на Косово. Тој вели дека е лага тврдењето на опозицијата дека Спогодбата за демаркација на границата со Црна Гора, Косово губи 8.200 хектари. Мустафа ги обвини и експертите кои диксутираат околу прашањето за демаркацијата, кои во јавноста изјавиле дека српските документи се многу поточни од албанските.

Министерот за евроинтеграции Беким Чолаку вели дека на почетокот на септември соодветните механизми на Парлементот на Европа и Советот на ЕУ ќе ги разгледаат препораките на европската комисија за визната либерализација, додека процесот може да заврши во текот на месец октомври,

Од друга страна, членовите на парламентарната комисија за евроинтеграции и пратениците од опозицискиот блок велат дека прашањето за визна либерализација многу повеќе е поврзано со борбата против корупцијата отколку со демаркацијата на границата со Црна Гора.

XS
SM
MD
LG