Достапни линкови

Величковски на посета на мировниците во Кабул


Македонска воена делегација предводена од началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски ќе оствари дводневна официјална посета на македонските мировници во Кабул. Генералот Величковски, соопшти денеска ГШ на АРМ, во текот на утрешниот ден ќе се сретне со командантот на мисијата „Одлучна поддршка“ генерал Џон Николсон.

Ова е прва посета на македонските мировници и на командата на НАТО предводената мисија „Одлучна поддршка“ од страна на највисокото воено раководство на АРМ од нејзиниот почеток во јануари 2015 година.

Македонскиот контингент го сочинуваат 39 припадници на АРМ кои ги извршуваат должностите во состав на КОСАГГ, силите за обезбедување на главната команда на мисијата „Одлучна Поддршка“ во Кабул и во командата за обука, советување и асистенција север.

XS
SM
MD
LG