Достапни линкови

Двајца од напаѓачите на полициската станица во Ереван се предале


Илустрација

Илустрација

Ерменската полиција соопшти дека две вооружени лица кои учествувале во окупирање на полициската станица во Ереван сами се предале на властите. Во видеото што го објави полицијата се гледа како двајцата напаѓачи изјавуваат дека биле заведени од другите членови на групата и се предале затоа што стравувале за својот живот.

Ерменскиот полициски портпарол изјави дека еден член на вооружената група е ранет и однесен во болница. Во утринските часови во околината на полициската станица се слушале истрели и помали експлозии.

Напаѓачите ги ослободиле и двацата доктори кои беа задржани како заложници, и посочија дека тие биле слободни да ја напуштат станицата кога сакаат. Во станицата нема повеќе заложници.

Вооружените лица ги демантираа тврдењата на полицијата дека тие се виновни за вчерашното убиство на полицаецот кој седел во патролно возило на неколку стотина метри од станицата.

Според инфоцмации од ерменскиот сервис на Радио Слободна Европа напаѓачите се воглавно ветерани од конфликот во Нагорно Карабах против Азербејџан. Тие ја окупирале полициската зграда на 17 јули годинава во знак на протест и бараат одлободување на опозицискиот лидер Зирај Сефилиан кој го предводи движењето за основање Парламент.

XS
SM
MD
LG