Достапни линкови

Трамп ја отфрли критиката на Кан


Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трапм ги отфрли критиките кои до него ги упати таткото на американскиот војник со исламска вероисповест, Хуманјун Кан кој загина во Ирак во 2004-тата година. Таткото Кизр Кан кој е американски државјанин со пакистанско потекло на конвенцијата на Демократската партија изјави дека Трамп досега не жртвувал ништо за САД. Кан во својот говор на конвецијата го праша Трамп дали досега го прочитал Уставот на САД и ако не го сторил тоа, да го направи и да посвети посебно внимание на зборовите „слобода“ и „ еднаква заштита со закон“.

Во интервју за американска телевизија Трамп изјави дека „досега направил многу жртви, работел напорно и тешко и создал илјадници работни места.“

На прашањето од Вашинготон пост како ќе одговори на критиките на Кан за неговиот предлог за привремена забрана на сите муслимани во САД, Трамп одговори:

„ Имавме многу проблеми со радикален исламски тероризам, тоа е она што јас би го рекол.“

XS
SM
MD
LG