Достапни линкови

logo-print

Во продажба новата книга „Хари Потер и проколнатите деца“


Толпа на фанови на книгите Хари Потер ги преполнија книжарниците во Лондон откако синиќа на полноќ официјално беше пуштена во продажба осмото издание од оваа серија. Новата книга насловена „Хари Потер и проколнатите деца“ е базирана на сценарио на истоимената претстава чија премиера беше одржава вчеравечер во Лондон.

Временската рамка на оваа книга е поставен 19 години по случувањата во седмата книга. Главниот лик Хари Потер е 37 годишен изморен вработен во министерството за магија и татко на три деца.

Британската авторка на оваа книга Џ.К. ролинг за новинската агенција Ројтерс изјави дека оваа книга повеќе претставува крај на патувањето на Хари Потер отколку нова фаза во приказните.

„ Ова е новата генерација. Сега Хари е готов.“ изјави Роулинг.

XS
SM
MD
LG