Достапни линкови

logo-print

Турскиот Врховен воен совет проширен и надграден


Илустрација

Илустрација

Со новиот претседателски декрет, во турскиот Врховен воен совет ќе влезат нови членови и тоа замениците на премиерот на Турција и министерите за внатрешни и надворешни работи како и министерот за правда. Овој потег е последен во низата чекори кои ги презеде турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по неуспешниот обид за воен удар на 15 јули. Ердоган во интервју за турска телевизија синоќа изјави дека очекува со парламентарно одобрување наскоро да се донесат и уставните измени со кои војската и разузнавачките служби ќе бидат под негова надлежност.

За да се донесат такви уставни измени, предлогот ќе треба да биде изгласан со двотретинско мнозинство, што значи дека Ердоган за тоа ќе треба да добие поддршка и од опозициските партии.

Меѓу останатите реформи кои ги нуди Ердоган е и затворањето на сите воени училишта и академии и основање еден Универзитет за национална одбрана под закрила на министерството за одбрана. Воените болници да бидат под контрла на министерството за здравство бара Ердоган.

Во меѓувреме над 50 илјади луѓе беа отпуштени од работа, а над 18 илјади досега се притворени поради сомневање за поврзаност со обидот за државен удар.

XS
SM
MD
LG