Достапни линкови

Папата Франциско во Полска одржа миса пред 2,5 милиони верници


Папата Франциско денеска ја одржа неделна миса пред 2,5 милиони верници на поле во близина на полскиот град Краков. Оваа миса беше посветена на Светскиот ден на католичката младина. Тој на младите им порача дека треба да бидат сонувачи кои ќе веруваат во едно ново човештво кое ќе ја отфрли омразата меѓу надорите и ќе одбие да живее во општество полно со граници и бариери. Папата Франциско се залага за поотворена и поскромна црква.

„ Во нашиот живот како свештеници секогаш често може да се постои искушение, малку да останеме затворени во нас во нашите кругови, од страв или од комодитет“, изјави поглаварот на римокатоличката црква на денешната миса.

Тој го посети и поранешниот концентрационен логор Аушвиц во Полска каде им оддаде почит на милионите жртви на холокаустот.

XS
SM
MD
LG