Достапни линкови

logo-print

Тензиите во Ереван не стивнуваат


Ерменските полициски сили веќе трет ден се во судар со вооружените лица кои окупираа полициска станица во Ереван. И покрај ултиматумот на власта, чии рок истече синоќа, дека ќе бидат преземени посилни безбедносни мерки, напаѓачите не ја напуштија станицата. До доцна во ноќта се слушале истрели и помали експлозии во близина на окупираната полициска станица.

Според она што преку видео пренос во живо го јавува ерменскиот сервис на Радио Слободна Европа, се гледа дека утрово полицијата поставила барикади околу станицата. Претходно загина еден полицаец кој бил застрелан додека седел во патролно возило на неколку стотина метри од полициската станица.

Според инфоцмации од ерменскиот сервис на Радио Слободна Европа напаѓачите се воглавно ветерани од конфликот во Нагорно Карабах против Азербејџан. Тие ја окупирале полициската зграда на 17 јули годинава во знак на протест и бараат одлободување на опозицискиот лидер Зирај Сефилиан кој го предводи движењето за основање Парламент.

Меѓу другото бараат и оставки од претседателот и премиерот на Ерменија поради лошото справување со долготрајниот спор околу Нагорно Карабах.

XS
SM
MD
LG