Достапни линкови

Речиси 80 луѓе се повредени при судири со ерменската полиција


Ерменските власти соопштија дека над 75 луѓе се повредени а над 20 се приведени при судирите меѓу полицијата и демонстрантите во главниот град. Немирите избувнаа вчеравечер кога демонстранти се обидоа да се приближат до полициската станица во Ереван, каде што неодамна вооружени лица ја заземаа контролата врз станицата. Безбедносните сили ја опколија полициската станица и во текот на ноќта се слушаа и периодични истрели. Полициската станица беше заземена на 17 ти јули од 30 тина вооружени мажи кои убија еден полицаец и ранија неколкумина при нападот.

Тие бараат ослободување на опозицискиот лидер Зирај Сефилиан кој беше уапсен минатипт месец и бараат премиерот и претседателот на Ерменија да се се повлечат од функцијата.

При синоќешните инциденти тројца новинари од ерменскиот сервис на Радио Слободна Европа беа претепани од група мажи наооружани со метални шипки и палки за кои се претпоставува дека се полициски службеници облечени во цивилна облека.

XS
SM
MD
LG