Достапни линкови

Најмалку 20 луѓе загинаа поради поплава во Пакистан


Најмалку 20 луѓе загинаа во северниот дел на Пакистан кога автобус со гости кои оделе на свадба се превртел поради поплава. Во возилото патувале 25 луѓе кои биле гости на свадба во село кое се наоѓа во близина на границата со Авганистан.Летните монсуни во Јужана Азија честопатипредизвикуваат штета во руралните села и областите со слаба инфраструктура. Само од почетокот на месецов во Пакистан загионале најмалку 55 луѓе поради поплавите, соопшти Националната управа за управување со катастрофи во Пакистан.

XS
SM
MD
LG