Достапни линкови

Путин во посета на Словенија


Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе ја посети Словенија и покрај затегнатите односи меѓу Москва и земјите членки на ЕУ и НАТО. Словенија како земја членка на ЕУ и НАТО продолжи со одржувањето на пријателски односи со Русија и покрај тоа што се приклучи кон санкциите на ЕУ против Русија поради нејзината поддршка на прорусите сепаратисти во источна Украина и кримската област.

Словенија ја опиша посетата на Путин како неформална. Дипломати на ЕУ за Ројтерс изјавиле дека стравуваат оти лобирањето на Русија во пријателските земји членки на ЕУ ќе го намали единството во Унијата за блокот санкции против Москва. Претседателот на Словенија Борис Похор за руската новинска агенција ТАСС изјавил дека целта на посетата на Путин е подобрување на дијалогот и градење билатерална доверба.

XS
SM
MD
LG