Достапни линкови

Притвор за 17 новинари во Истанбул


Судот во Истанбул им одреди мерка притвор на 17 турски новинари поради обвинение за поврзаност со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД и, според турските власти, е одговорен за обидот за преврат во земјата на 15 јули. Судот сослуша вкупно 21 новинар, од кои четворица веднаш биле ослободени, додека за останатите 17 е одреден притвор до судскиот процес.

Според податоците на Европската федерација на новинари во Турција во изминативе две недели се приведени 60 новинари.

Новинарите се обвинети за припаѓање кон „терористичка група“. Властите во Анкара вчера му испратија на Вашингтон официјално барање за екстрадиција на Ѓулен.

XS
SM
MD
LG