Достапни линкови

Над 40 луѓе повредени на „Пиво Фест” во Приштина


Архива

Архива

Повредени се над 40 луѓе при инцидентот што доцна синоќа се случи на плоштадот „Захир Пајазити“ во Приштина, каде се одржуваше шестото издание на манифестацијата „Пиво Фест”. Портпаролот на косовската полиција, Баки Келени изјави дека во клиничката болница помош побарале повеќе од десетина лица, повеќето од нив се повредени при бегање од создадната паника.

„ Има и лица кои побарале помош поради вознемиреност, а засега има потврда дека со огнено оружје повредно е едно лице во пределот на ногата“, изјавил Келени.

Инцидентот се случил околу 23 часот, на самиот почеток на манифестацијата, кога се слушнало пукање од огнено оружје кое создало голема паника меѓу присутните, кои бегале панично на сите страни, барајќи објект каде да се засолнат. Во таа панична атмосфера предизвикана е и голема материјална штета.

XS
SM
MD
LG