Достапни линкови

Ердоган ги повлекува тужбите за навреда


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека ќе ги повлече сите судски тужби кои ги има поднесено за навреда на неговата личност.

„Ќе простам и ќе ги повлечам сите тужби за многу случаи во кои сум бил навредуван и непочитуван“, истакна Ердоган во синоќешниот говор во Анкара на церемонијата организирана во спомен на загинатите и повредените лица во неуспешниот обид за воен удар на 15 јули.

Во изминатиот период турското Министерство за правда соопшти дека во земјата се заведени 1.845 судски дела за навреда на шефот на државата. Меѓу обвинетите се наоѓаат лидери на опозициски партии, како и луѓе кои објавувале коментари на социјалните мрежи.

XS
SM
MD
LG