Достапни линкови

Нападнати тројца новинари на Радио Слободна Европа во Ерменија


Приведување на демонстрант за време на протестите во Ереван

Приведување на демонстрант за време на протестите во Ереван

Тројца новинари од ерменскиот сервис на Радио Слободна Европа беа нападнати од голема група мажи додека известуваа за судири меѓу полицијата и демонстрантите на синоќешниот протест.

Протестот синоќа започна како марш во знак на поддршка на вооружените напаѓачи кои неодамна ја окупираа полицската станица во Ереван. Претседателот на Радио Слободна Европа Томас Кент силно го осуди овој напад.

„Радио Слободна Европа е ужасната од овој напад врз новинари кои професионално си ја вршеле работата. Очекуваме ерменските власти да ги изведат напаѓачите пред лицето на правдата и да ги заштитат новинарите кои си ја вршат својата легитимна работна задача“, изјави Кент.

Мажите кои ги нападнале новинарите Карлен Асланиан, Хованес Мовсисиан и Гарук Харутиуниан, носеле метални шипки и палки со себе за време на протестот.

„Дали снимаш?“ Ја прашувале едната новинарка напаѓачите пред да и ја скршат камерата и да и ја скинат прес идентификацијата.

„Им реков ќе престанам да снимам, но тие продолжија да ме удираат, “ рече Мовсисиан која е хоспитализирана поради повреди и вдишување на поголемо количество на солзавец.

Двајцата други новинари на РСЕ се полесно повредени при нападот. Портпаролот на ерменеската полиција преку пост на социјалната мрежа Фејсбук вети дека полицијата „веднаш“ ќе го истражи насилството сторено врз новинарите од Радио Слободна Европа и другите медиуми кои ги покриваа протестите.

XS
SM
MD
LG