Достапни линкови

Турската полиција апси осомничени припадници на ИД


Турските сили за борба со тероризмот денеска привеле 29 осомничени за врски со Исламската држава, при операција во истанбулското предградие Башакшехир, јави ТАСС. Турската полиција извршила претреси и апсења на неколку адреси.Пронајдени се шифрирани документи и електронски уреди за пренос на информации. Од 29-мината задржани 22 се странски државјани. Повеќемина од уапсените лица во претходниот период често пати ја посетувале Сирија. Задржаните турски граѓани ќе бидат пренесени во затвор, а странците ќе бидат депортирани од земјата.

XS
SM
MD
LG