Достапни линкови

Битолскиот совет и оставката на Талески


Опозициските советници во Советот на Општина Битола предложија на дневен ред да се најде точка за оставка на градоначалникот Владимир Талески кој е во притвор, но советниците од власта го одбија предлогот да се даде таква препорака. Тие побараа и да се направи ревизија на неговата работа, но и тоа барање беше одбиено. Советниците до власта сметаат дека Талески работел законски, а тие од опозицијата велат дека со тоа што тој е во притвор не може да ја води општината и затоа многу работи се закочени. Претседателката на Советот, Силвана Ангелевска, вели дека градоначалници се бираат на избори, а не на седници.

Битолскиот градоначалник неодамна доби уште 30 дена куќен притвор за случајот Транспортер. Тој е осомничен во случај за местење тендери за превоз на ученици. Осомничените се товарат за злоупотреба на 360 илјади евра од буџетот преку злоупотреба на службената положба.

XS
SM
MD
LG