Достапни линкови

ОН реагира на руските планови за коридори од Алепо


Специјалниот пратеник на ОН за Сирија вели дека создавањето на хуманитарни коридори за излез од сирискиот град Алепо треба да им се остави единствено на ОН и на нејзините партнери. Неговата изјава е реакција на предлогот на Русија. Руските власти вчера соопштија дека заедно со силите на сириската влада ќе отворат хуманитарни коридори околу Алепо за да можат да избегаат цивилите кои се во градот, а им дадоа и можност на борците да се предадат. Специјалниот пратеник на ОН Стефан де Мистура денеска во Женева рече дека им дава поддршка на хуманитарните коридори, но под нормални услови. Тој рече дека чека руските власти да му дадат детали за планот. Тој, исто така, предупреди дека отчукува часовникот за населението во Алепо. Мистура прашува како цивилите да го користат коридорот кога има бомбардирање. Рускиот заменик-министер за одбрана Анатолиј Антонов денеска изјави дека операцијата на Русија во Алепо е единствено хуманитарна.

XS
SM
MD
LG