Достапни линкови

Во Турција приведени над 18 илјади луѓе


Турските власти привеле над 18 илјади луѓе по неуспешниот убид за преврат на 15 и 16 јули, изјави турскиот министер за внатрешни работи Ефкан Ала за државната телевизија „ТРТ“.

„Од нив 9.677 луѓе се официјално упасени“, нагласи Ала.

По неуспешниот пуч, во кој загинаа 290 луѓе, Турција воведе вонредна состојба и започна да применува остри мерки против осомничените за врски со муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, и кого Владата го обвинува за организирање на пучот.

XS
SM
MD
LG