Достапни линкови

logo-print

Германски суд казни руски фудбалски хулигани


Судот во Германија им изрече условни казни од 10 до 12 месеци на четворица руски фудбалски хулигани. Тие беа обвинети за претепување на двајца шпански туристи и нивниот туристички водич во градот Келн во јуни. Сега осудените мажи се враќале од Марсеј каде имаше насилни судири меѓу руски и англиски навивачи за време на неодамнешното европско првенство во фудбал. Германската полиција го уапси мажите веднаш по нападот. Руските навивачи ги тепале и им удирале клоци на туристите, а еден од нив бил сериозно повреден, соопшти полицијата, без да даде детали за поводот за нападот.

XS
SM
MD
LG