Достапни линкови

Гугл ги врати руските имиња на мапата на Крим


Гугл ги врати руските имиња на мапата на анектираниот Крим, откако официјалните власти во Москва се налутија што на мапата стоеја имиња кои ги дадоа украинските власти. На мапата на Гугл кратко време беа ставени околу 900 имиња на области во Крим кои Украина планира да им ги даде на градовите, улиците, областите, усвоени со законот со кои се забрануваат советски имиња. За Русија таквата кампања е „русофобична“.
Во резолуцијата усвоена од страна на украинскиот Парламент во мај, новите имиња нема да стапат на сила се додека Киев не ја поврати контролата над Крим. Русија го анектираше Крим во март 2014.

XS
SM
MD
LG