Достапни линкови

Ердоган - Западот наместо да не пофали, не критикува


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ги отфрли критиките од Западот поради масовните притворања во Турција по несупешниот обид за пуч и порача дека наместо да ја пофалат земјата поради спречувањето на превратот, западните држави „застанале зад пучистите“.

Ердоган нагласи дека бројот на притворени дополнително ќе се зголеми, доколу се открие дека уште луѓе го поддржувале обидот за пуч.

Досега околу 16.000 лица се притворен поради сомнеж за поврзаност со превратот, додека поради истото обвинение од работа се отпуштени околу десет илјади државни службеници.

XS
SM
MD
LG