Достапни линкови

САД - Русија го минира договорот за мир во Украина


Амбасадорот Даниел Баер, шеф на мисијата на САД во ОБСЕ

Амбасадорот Даниел Баер, шеф на мисијата на САД во ОБСЕ

Двајца високи американски дипломати кои работат на решавање на конфликтот во источна Украина ја обвинија Русија дека продолжува да ги снабдува сепаратистичките борци со гориво и оружје и со тоа ја „влошува безбедносна ситуација“ во регионот.

Амбасадорот Даниел Баер, кој е шеф на мисијата на САД во ОБСЕ и американскиот амбасадор во Украина Џефри Пјат, денеска одржаа телефонски брифинг со новинари во Виена. Вчера претставници на ОБСЕ го информираа Постојаниот совет на ОБСЕ за ситуацијата.

Баер, изјави дека САД и другите членки на ОБСЕ се почесто гледаат неповрзаност меѓу она што Русија го зборува и тоа што го прави. Пораката од Постојаниот совет на ОБСЕ е дека Русија треба да ги спроведе своите зборови на дело.
Амбасадорите, исто така, ја обвинија Русија за неуспехот да се спроведе договорот од Минск.

XS
SM
MD
LG